https://www.facebook.com/photo.php?fbid=526762452139227&set=pb.100044164309677.-2207520000.&type=3

10.07.2024 Скопје

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ се откажа од мандатот што го освои на изборите за Европскиот парламент, а се очекува тоа да го стори и потпретседателката на Европската комисија за демографија и демократија, Дубравка Шуица.

Тоа значи дека хрватскиот премиер ќе остане во Загреб, а Шуица повторно ќе биде предложена за хрватски претставник во новиот состав на Комисијата.

Пленковиќ во писмо до претседателот на Собранието Гордан Јандроковиќ напиша дека на изборите за Европскиот парламент е избран за прв на листата на ХДЗ која победи на тие избори и освои половина од мандатите.

Подготвено од М.Д.

About Author