15.07.2024 Скопје
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз без премногу мака успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во големото финале на Вимблдон со 3:0 по сетови 6:2, 6:2 и 7:6.
Српскиот ас имаше премногу грешки, особено во играта на мрежа, додека Алкараз делуваше застрашувачки мотивирано и покажа дека неговото време допрва доаѓа. Ѓоковиќ во првите два сета делуваше дезориентирано и не успеваше никако да фати ритам, а во третиот сет пружи силен отпор, но Алкараз успеа да направи брејк во деветтиот гем и беше на само чекор од триумфот.
Сепак, српскиот тенисер не дозволи веднаш да заврши мечот, успеа да спаси три меч-топки и да го одведе мечот во тај – брејк. Алкараз продолжи со феноменалната игра и ги искористи неизнудените грешки на ривалот, па на крајот го комплетираше третиот сет со конечни 7:6.
Младиот шпански ас сосема заслужено го освојува вториот Вимблдон во низа, покажувајќи дека поседува неверојатен талент и огромен потенцијал за во иднина. Ова беше реприза на минатогодишното финале, кога Ѓоковиќ исто така потклекна пред Алкараз.
Подготвено од М.Д.