03.07.2024 Скопје
Базенот бил откриен кога полицијата добила дојава дека постои сомневање дека таму се произведува дрога.
При влегувањето, полицијата ја исклучила струјата заради обезбедување и со брусилка ја отворила вратата, а потоа во подрумот открила значително количество марихуана, по што Џафер Фурику и уште две лица кои се обиделе да избегаат биле уапсени.
Фурику (65) признал дека одгледувал марихуана вредна 235.000 евра во базен кој не бил користен од 2017 година.
Албанецот- нарко дилер дошол во Велика Британија да работи како градинар, а судијата посочил дека се работи за комерцијално производство на големо, па поради сериозноста на делото неизбежна е затворската казна.
Покрај Фурку, веќе се осудени Хајри Муса и Џералд Даци, исто така албански државјани, кои илегално влегле во Британија.
Муса и Даци беа осудени на по три години затвор за учество во производство на дрога.
Поранешниот базен во Форфар, кој му бил дониран на градот од филантропот Ендрју Карнеги, бил продаден од советот на градот неколку месеци пред да биде откриена плантажата со дрога.
Локалниот функционер Сара Вилкинсон рече дека Фурику е во притвор и се соочува со депортација поради илегално престојување во Британија.
Подготвено од М.Д.