ajkula

23.07.2024 Скопје

Научниците тестирале ајкули во морето во близина на брегот на Бразил и откриле дека тие биле позитивни на кокаин.

Истражувачите долго време сугерираат дека морскиот живот би можел да биде засегнат од дрогата што ја фрлаат во водата шверцерите. Тони кокаин се пронајдени во водите околу Флорида, Јужна и Централна Америка.

Студијата на фондацијата Освалдо Круз во Бразил откри докази дека ајкулите всушност се погодени од дроги кои го загадуваат океанот.

Научниците сецирале 13 бразилски остроносни ајкули (Rhizoprionodon lalandii) кои биле купени од мали рибарски чамци. Овој вид го поминува целиот свој живот во крајбрежните води и затоа најверојатно е изложен на загадување.

Сите 13 ајкули биле позитивни на дрогата, со 100 пати повисоки концентрации од претходно пријавените за другите водни суштества, откриле научниците.

Сепак, студијата вели дека полето на истражување е „многу ограничено“ и дека влијанието на кокаинот врз водниот живот не е целосно познато.

Подготвено од М.Д.

About Author