chovek vo gaza

03.07.2024 Скопје

Долгорочните трошоци за обнова на Појасот Газа по војната Израел-Хамас може да достигнат 50 милијарди долари за речиси две децении, изјави денеска директорот на Програмата за развој на Обединетите нации за арапските земји Абдала ал Дардари.

Трошоците за реконструкција се зголемуваат експоненцијално со секој ден од војната, рече Ал-Дардари и посочи дека трошоците за итно обезбедување привремено сместување и други основни услуги по завршувањето на војната ќе изнесуваат најмалку две милијарди долари.

Ал-Дардари го нагласи ова по објавувањето на извештајот на Програмата за развој минатиот четврток, во кој се предупреди дека во Појасот Газа, проекциите за замената на уништените објекти, како што се училиштата и болниците, може да потрае со децении, и може да се соочи со „изгубени генерации“.

Подготвено од М.Д.

About Author