03.06.2024 Скопје
Зохре Елахиан стана првата жена што се пријавила за претстојните вонредни претседателски избори во Иран по смртта на претседателот Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа. Елахиан најави дека мотото на нејзината влада ќе биде „Здрава влада, здрава економија, здраво општество“.
Поранешниот претседател на иранскиот парламент Али Лариџани во петокот ја објави својата кандидатура за претседател на Исламската Република. На Лариџани му беше забрането да се кандидира на претседателските избори во 2021 година врз основа на одлука на Советот за чувари на Исламската револуција, кој ги проверува кандидатите.
Поранешниот гувернер на иранската централна банка Абдолнасер Хемати исто така меѓу кандидатите кои се пријавија за претседателските избори.
Минатиот четврток во Иран започна пријавувањето на кандидатите за претседателските избори закажани за 28 јуни. По петдневниот рок за пријавување Советот на чувари ќе ги испита претседателските кандидати.
Подготвено од М.Д.