zelenski i sholz vo germanija berlin

11.06.2024 Скопје

Зеленски ќе присуствува на конференцијата за обнова на Украина, која се одржува во Берлин денес и утре, а која меѓу другите ја организира и германското Министерство за надворешни работи.

Иако тоа нема да биде прва посета на Зеленски на Германија по избувнувањето на конфликтот со Русија, тоа ќе биде првпат тој лично да зборува во Бундестагот.

Пратениците во германскиот парламент позитивно се изјаснија за обраќањето на Зеленски, а за ваква седница се заложи и претседателот на германско-украинската парламентарна група, Робин Вагенер (Зелените) во писмото што го испрати до претседателот на Бундестагот, Бербел Бас (СПД).

Подготвено од М.Д.

About Author