11.06.2024 Скопје
Со воена свеченост, која вчера се одржа во касарната ,,Страшо Пинџур“ во Петровец, припадниците на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) од составот на Командата за операции (КО) го одбележаа 10 јуни – Денот на единицата.
На воената свеченост во касарната ,,Страшо Пинџур“ во Петровец, пред началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и присутните се обратија началникот на штаб на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и командантот на вВИНГ, полковник Игорчо Стоименовски.
Началникот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски истакна дека одбраната на воздушниот простор претставува врвен приоритет и додаде дека во изминативе 32 години, конкретно се придонесува во изградбата на капацитетите и способностите на единицата. Генералот нагласи дека со предвидената модернизација ќе се овозможи поголема оперативна способност и подобро извршување на мисијата и задачите на единицата. Во својот говор генералот Ѓоргоски со особен пиетет потсети на загинатите 11 припадници во хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце, порачувајќи им на припадниците на вВИНГ сеќавањето на нивните жртви да им биде мотив за постигнување на уште поголеми успеси и професионалност.
Подготвено од М.Д.