IKONI SVETI SPASE I SVETA SPASA

17.06.2024 Скопје

Во Вевчани торжествено беше дочекана иконата на новиот сеправославен и македонски нов Светител, Светиот Спасе Вевчански заедно со неговата Света сестра Светата Спаса Вишенска.

Иконите пристигнаа утрото пред Света литургија која беше отслужена во нивна чест.

Иконите ги донесоа и со литургијата началствуваа парохискиот свештен во Вевчани Отец Ромео Петрески и Свештеникот од храм Св. Ѓорѓија од Струга, Отец Христијан Костоски.

Иконите беа пречекани со биење на камбаните, со посипување цвеќе од Вевчански девојки во нарoдни носии и многубројни верници од Вевчани и други градови.

Вевчанци не ја криеа радоста од овој голем светол и историски чин, со солзи радосници се поклонуваа пред Светата икона на Свети Спасе Вевчански и на Света Спаса Вишенска. Свети Спасе Вевчански живеел и се подвизувал на Бога во манастирот Свети Спас Горни во Вевчани кој е посветен на Вознесението Христово – Спасовден.

После Светата литургија за сите верници во дворот на црквата беше организирана закуска, дар од сите Вевчански угостителски објекти.

Подготвено од М.Д.

About Author