14.06.2024 Скопје
Во Србија се бараат чистачки и тие можат да заработат и по 1.000 евра месечно.
Додава дека оние кои работат во институции и компании заработуваат помалку. После пандемијата, побарувачката за чистачки е голема во големите градови како Белград, Нови Сад и други. Пред неколку години работниот час чинел 400-500 динари, а сега чини 700-800 динари. Но, некои наплаќаат и повеќе од оваа сума. Додава дека фиксна цена е подобро, затоа што секој не работи брзо. Некој ќе го среди просторот за 3 часа, некој за 5, а ефектот е ист. Но, заработката не е иста и тоа ја урива мотивацијата.
„Останав без работа, а имам две мали деца, малолетни и така седев со пријателка, пиевме кафе, разговаравме што ќе правам и листав огласи. Пронајдов огласи, чистење по час, и реков ајде ќе ѕвониме. Така почна. И така научивме за клиентите, млади, стари, секој по нешто знае“, раскажува професионален чистач.
Подготвено од М.Д.