03.06.2024 Скопје
Денес во Скопје ќе се одржи четвртиот Социо-еколошки форум (СЕФ) во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“ со канцеларија во Скопје.
И оваа година, форумот ќе овозможи стручна дебата, но и дискусија за енергетските политики на земјите од Западниот Балкан и Европската Унија. Социо-еколошкиот форум ќе биде отворен со воведните излагања на директорот на Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје, д-р Питер Хурелбринк и проектната менаџерка во фондацијата, Ивана Вучкова.
На првиот панел насловен „Како да се обезбеди социјално праведна енергетска трансформација во ера на растечка сиромаштија и нееднаквости?“ учество ќе земат пратеникот и поранешен заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, претседателот на Регулаторна комисија за енегетика, Марко Бислимовски, претставничката од Интернационалната унија на станари, Барбара Стинберген, како и градоначалникот на Тузла, Босна и Херцеговина, Зијад Лугавич.
На форумот, предвидени се уште пет панел дискусии на кои експерти од енегетиката, градоначалници, претставници од невладините организации и младински лидери ќе разговараат за потребите и можностите за социјално-праведна енергетска трансформација.
Предизвиците во поглед на животната средина, зелената агенда, промовирањето на социјалната кохезија преку инвестиции во вработување, квалитетни и инклузивно образование и висококвалитетни услуги за социјална инклузија и заштита, ќе бидат високо на агендата на форумот.
Денес во 11:00 часот, во прес-корнерот во Александар Палас се предвидени изјави за заинтересираните медиуми на следните учесници на Форумот:
– Фатмир Битиќи, пратеник и поранешен вицепремиер задолжен за економски прашања;
– Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика;
– Барбара Стинберген, Интернационална унија на станари;
– Зијад Лугавич, градоначалник на Тузла, Босна и Херцеговина;
– Билјана Дуковска, Гринер;
– Вангел Андревски, директор на првото општинско соларно претпријатие „Енергија Центар“.
Подготвено од М.Д.