penzioneri

24.06.2024 Скопје

Најдолг животен век во земјите на ЕУ е забележан во Шпанија и изнесува 84 години, покажуваат прелиминарните податоци за 2023 година објавени од Евростат.

Следува Италија со 83,8 години и Малта со 83,6 години.

Според прелиминарните податоци, очекуваниот животен век во ЕУ во 2023 година бил 81,5 години, што е за 0,9 години повисоко од 2022 година и за 0,2 години повисоко од нивото пред корона пандемијата во 2019 година.

Се наведува дека во 15 земји очекуваниот животен век го надминал просекот на ЕУ.

Спротивно на тоа, најкраткиот животен век е забележан во Бугарија со 75,8 години, потоа Летонија со 75,9 години и Романија со 76,6 години.

Во споредба со нивото пред пандемијата на корона во 2019 година, 18 земји на ЕУ забележаа зголемување на животниот век во 2023 година, додека две земји останаа стабилни, а шест забележаа пад, наведува Евростат.

Се нагласува дека најголем пораст е проценет во Романија, каде што очекуваниот животен век е зголемен за една година, потоа Литванија со пораст од 0,8 години и Бугарија, Чешка, Луксембург и Малта, кои се зголемени за 0,7 години.

Спротивно на тоа, Австрија и Финска забележаа најголем пад на очекуваниот животен век од 0,4 години, а потоа следат Естонија и Холандија, кои забележаа намалување на животниот век за 0,2 години.

Подготвено од М.Д.

About Author