28.06.2024 Скопје
Во Израел 48 лица се заразени со Западнонилска треска, од кои 36 се хоспитализирани, а пет се на респиратори.
Околу 80 проценти од заразените немаат симптоми, додека околу 20 проценти ќе покажат различни симптоми, вклучувајќи треска, замор, главоболка или болки во телото.
Помалку од еден процент од заразените имаат невролошки компликации. „Вирусот не се пренесува од човек на човек“, нагласува Министерството за здравство на Израел.
Подготвено од М.Д.