20240224_MAP503

26.06.2024 Скопје

Израелскиот Врховен суд едногласно пресуди дека ултраортодоксните студенти по теологија мора да се регрутираат бидејќи повеќе не постои законска рамка на основа на која владата би одобрила нивно изземање од служењето на воениот рок.

Судот пресуди и дека владата повеќе не може да им пружа финансиска поддршка на студентите по теологија кои студираат наместо да се во воена служба.

„На врвот на тешката војна, товарот на нееднаквоста е повеќе од кога било акутен“, се наведува во едногласната пресуда на судот.

Повеќето Израелци се по закон обврзани да служат војска, додека ултраортодоксните еврејски студенти по теологија се главно изземени со децении.

Судот, меѓутоа, не прецизираше кога треба да се спроведе законот, ниту колку ултраортодоксни студенти треба да се регрутираат. Се проценува дека околу 67.000 припадници на ултраортодоксната еврејска заедница Хареди ги исполнуваат условите за воена служба.

Пресудата веројатно ќе има драматични политички и општествени последици имајќи предвид дека коалицијата на премиерот Нетанјаху зависи од две ултраортодоксни партии.

Подготвено од М.Д.

About Author