francijaaa

19.06.2024 Скопје

Одделни членки на Европската Унија се загрижени дека политичката нестабилност во Франција пред парламентарните избори кои претседателот Емануел Макрон ги распиша би можела да ги загрози иницијативите на блокот како заедничкото воено трошење и новата финансиска рамка за поддршка на Украина.

Сè поголеми се сомнежите во зголемувањето на трошењето на ЕУ за одбрана преку колективното финансирање, за што Макрон жестоко се залагаше, тврдат луѓе запознаени со ова прашање. Исто така постои страв дека вонредните парламентарни избори ќе ја поткопаат неговата улога како еден од најцврстите сојузници на Киев, вклучувајќи го неговиот план да се испратат воени единици во Украина.

Членките на ЕУ се плашат дека ненадејните избори би можеле да влијаат и на ветувањата на Макрон да ѝ испрати на Украина помош во вредност од три милијарди евра оваа година, како и неодреден број авиони мираж-2000, наведуваат изворите.

Се истакнува дека Националниот собир на Марин ле Пен и новоформираната левичарска коалиција Народен фронт котираат пред партијата Ренесанса на Макрон.

Ако Национален собир успее да обезбеди мнозинство, тоа би претставувало „фундаментален предизвик“ за лидерите на ЕУ.

Подготвено од М.Д.

About Author