28.06.2024 Скопје
Во Улцињ, Црна Гора, се отвора првата плажа за само жени кои носат хиџаб. Тоа ќе биде помало место од затворен вид, со капацитет од 10 – 20 лежалки.
Пристапот на сите останати ќе им биде забранет.
Познато е дека муслиманите се мнозинство во Улцињ. Според пописот од 2011 година, околу 73 отсто од вкупното население се изјасниле како муслимани.
Подготвено од М.Д.