12.06.2024 Скопје

Валенсија го потврди ангажманот на Столе Димитриевски, клубот од Местаља ја искористи големата пасија на голманот кон кафето за да го претстави на уникатен начин.

Популарните „лилјаци“ го официјализираа трансферот на Столе Димитриевски, кој пристигнува на Местаља како слободен играч.

Медиумите брифирата дека соработката всушност е на 2+2 години, последните две години ќе зависат од бројките на голманот и успесите помеѓу стативите.

Македонецот беше претставен на уникатен начин, Валенсија ја искористи неговата пасија кон кафето па Столе Димитриевски беше пречекан од актерот Артуро Ваљс во кадар од популарната шпанска серија „Камера Кафе“.

Валенсија постигна согласност со Столе Димитриевски за соработка до 30. јуни 2026 година.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *