19.06.2024 Скопје
Поранешниот амбасадор на Србија во Унгарија Раде Дробац оцени дека официјална Будимпешта знае колкаво значење Србија му придава на Косово и доколку ѝ се укаже прилика дека нема да ја пропушти да ја повлече одлуката за признавање.
Сепак, истакна дека во овој момент тоа не е реално да се очекува.
„За Унгарија да го повлече признавањето на таканаречено Косово, според моето мислење, треба уште подрастично да се сменат меѓународните околности за таквата одлука да не биде драстично на штета на нејзините односи со западниот блок, ниту да го загрози нејзиното членство пред сè во Европската Унија, но и во НАТО. До тоа може да дојде и релативно брзо, но и не мора, во зависност од понатамошниот развој на меѓународните односи, разрешувањето на односите ЕУ-САД и конфликтот во Украина. во секој случај, Унгарија денес знае колкаво значење има за Србија Косово и Метохија и нема да пропушти да го одбрани нејзиниот суверенитет и територијален интегритет доколку ѝ се укаже прилика“, кажа Дробац за Косово онлајн.
„Гласањето против резолуцијата за Сребреница засега е врвот на унгарската самостојна политика, како и гласањето против придруженото членство на Косово во Парламентарното собрание на НАТО. Но, повлекување на признавањето на Косово засега не е реално. Со таквиот чин таа би ги загрозила сопствените интереси, а таа сè уште не е спремна на тоа“, оцени српскиот дипломат.
„Во 2013 година Унгарија значително ја намали својата поддршка на таканаречено Косово, избегнува да го промовира на собири во Унгарија, што претходно го правеше, но сè уште не во мера да ја доведе својата лојалност кон НАТО, ЕУ и САД во прашање. Во последните две години се усложнија меѓународните односи, па Будимпешта преставува еден вид опозиција во ЕУ и НАТО, па и на целиот западен блок, на едноумието и беспоговорната поддршка на Украина“, оцени Дробац.
Подготвено од М.Д.