25.06.2024 Скопје
Украина и Молдавија, по забрзана процедура и прескокнување на вообичаениот распоред, денеска ги започнуваат пристапните преговори со Европската Унија.
Во исто време, Западен Балкан и овој пат, и покрај бројните ветувања, излета од шините и е оставен во бриселската чекална.
Ова е пораката што вчера стигна од средбата на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија во Луксембург, на која присуствуваа министри од регионот, меѓу кои и првиот човек на српската дипломатија Марко Ѓуриќ.
„Со нетрпение ја очекуваме првата Меѓувладина конференција, која ќе претставува почеток на преговарачкиот процес“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски, нагласувајќи дека тоа е начин да се започне со остварување на европскиот сон на неговата земја.
Тој сон стана реалност пред зори поради политички причини, односно поради конфликтот на Украина со Русија, така што забрзаниот пат кон ЕУ е уште една услуга на сојузниците кон Киев.
Иако на хартија Киев и Кишињев треба да исполнат цела низа формални административни услови, овој чин претставува експресно продолжување на процесот на интеграција на државите кои ја добија оваа можност по избувнувањето на руско-украинскиот конфликт.
На крајот на минатата недела претходно беше утврдена преговарачката рамка со договор дека се исполнети предусловите за отпочнување на пристапниот процес. А денеска најпрво ќе се организира конференција со Украина, а потоа и со Молдавија.
Подготвено од М.Д.