04.06.2024 Скопје
Страните постигнале договор за четврта ревизија на четиригодишниот аранжман Екстендед фанд (ЕФФ), се наведува во соопштението на ММФ.
ЕФФ аранжманот од 48 месеци, кој беше одобрен во март минатата година, овозможува пристап до околу 15,6 милијарди долари и е дел од пакетот за поддршка вреден 122 милијарди долари за земјата.
„Сите квантитативни критериуми за успешност се исполнети, а мерилата на структурната ревизија се или исполнети или имплементирани со кратко доцнење“, се наведува во соопштението, додавајќи дека исто така се постигнати договори за ажуриран збир на економски и финансиски политики за одржување на макроекономската стабилност и напредокот на економските реформи.
Украинската економија постигнала отпорен раст, а дезинфлацијата продолжила за време на првиот квартал оваа година, објави ММФ.
Подготвено од М.Д.