mihael-shumaher

25.06.2024 Скопје

Двајца криминалци се обиделе да изнудат поголема сума пари од семејството на Михаел Шумахер, но биле уапсени, соопшти државното правобранителство во Вупертал, Западна Германија.

„Двајца осомничени од Вупертал сакале да го уценат семејството на Михаел Шумахер за големи суми пари, тврдејќи дека поседуваат материјал кој семејството не сака да биде објавен“, соопштија од јавното обвинителство во Вупертал.

Осомничените, кои беа уапсени минатата недела, се заканија дека доколку семејството не ги плати парите, ќе ги објават материјалите на Интернет. Станува збор за татко (53) и син (30) на кои веќе им е изречена условна казна за друго кривично дело. Осомничените сакале да изнудат 15 милиони евра од семејството Шумахер.

Во соопштението на обвинителството се наведува дека истражителите стигнале до осомничените користејќи мерки кои откриле од каде дејствувале сторителите. Во 2017 година веќе имаше обид за уцена на семејството Шумахер, а потоа 25-годишен маж беше осуден на условна казна.

Поранешниот повеќекратен светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, во 2013 година доживеа тешки повреди на главата на скијање и оттогаш многу малку се знае за неговото здравје Семејството силно ја брани неговата приватност.

Подготвено од М.Д.

About Author