briks - pet zemji baraat priklucuvanje

05.06.2024 Скопје

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Русија го поздравува интересот на Турција за БРИКС.

„Се разбира, го поздравуваме овој зголемен интерес за БРИКС од страна на нашите соседни земји, вклучувајќи ги и нашите важни партнери како Турција. Секако, таа тема ќе биде на дневен ред на самитот на БРИКС“, рече Песков одговарајќи на новинарски прашања.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави денеска дека Турција сака да стане членка на БРИКС.

Хакан Фидан додаде дека со нетрпение очекува да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на БРИКС, што ќе се одржи следната недела во Русија, како дел од подготовките за октомврискиот самит во Казан.

Подготвено од М.Д.

About Author