20.06.2024 Скопје

Првенецот на Македонскиот народен театар, актерот Тони Михајловски е добитник на почесната награда на 6. издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Република Северна Македонија (ДФРСМ).

– Оваа награда која е продолжение на веќе добиените награди, нека биде чекор понатаму за сите следни награди и успеси! Честитки!, пишува во Фејсбук-објавата на матичната куќа на Михајловски.

Шестото издание на филмската ревија „Златна рамка“ почна вчера и е организирана од Друштвото на филмски работници на Република Северна Македонија (ДФРСМ). И оваа година „Златна рамка“ повторно ги носи најновите домашни филмски остварувања пред публиката.

Од возбудливи драми до документарни филмови кои предизвикуваат размислување, Филмската ревија „Златна рамка“ нуди неспоредлива можност за филмските ентузијасти да се нурнат во креативноста и талентот на македонските филмаџии.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *