10.06.1014 Скопје

Акциите на јапонскиот производител на автомобили Тојота Мотор паднаа за повеќе од 5,4 %, откако јапонското Министерство за транспорт откри дека фирмата користела лажни податоци при тестирање на одредени модели на автомобили.

Пазарната вредност на јапонската компанија за само една недела падна за 2,45 трилиони јапонски јени или за повеќе од 14,5 милијарди евра, пренесоа медиумите.

Истрагата покажа дека тестовите за моќност на моторот биле фалсификувани, додека тестовите за судар и воздушни перничиња користеле несоодветни или застарени податоци.

По овој скандал, Toyota Motor го суспендираше производството на три модели на возила, Corolla Fielder, Corolla Akio и Yaris Cross.

Претседателот на јапонската компанија Тојота Мотор, Акио Тојода, веднаш по избивањето на скандалот на 3 јуни, се извини за масовното мамење при тестирањето на седум модели на автомобили.

Искрено се извинуваме, рече Тојода на прес-конференција.

Компанијата на 8 мај објави дека нејзината добивка за фискалната година која заврши на 31 март се удвои на рекордни 4,94 трилиони јапонски јени или околу 29,6 милијарди евра.

Во истиот период, приходите на Тојота исто така соборија рекорд, бидејќи пораснаа за 21,4 отсто на годишно ниво, на 270,4 милијарди евра.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *