energetski-pijaloci-2

26.06.2024 Скопје

Младото момче Саболч (18) падна во кома поради голема конзумација на енергетски пијалоци, а во Унгарија опозицијата и владејачките партии се согласуваат дека консумирањето енергетски пијалоци  треба да биде забрането за лица помлади од 18 години.

Лекарите веднаш не му дале голема шанса да преживее, дури и на родителите им рекле да размислат за донирање органи.

Добивме повик во текот на ноќта дека неговото срце престанало. Се обидоа да го оживеат дома, а потоа повикаа брза помош“, вели неговата снаа.

Следеше долга борба за животот на младиот човек, но по 20 минути болничарите успеаја да го вратат во живот  и тој беше префрлен на Одделот за интензивна нега, каде потоа двапати беше реанимиран.

Меѓутоа, половина час недостаток на кислород му го оштетил мозокот и паднал во кома.

Лекарите го информирале семејството дека Саболч ќе биде во ваква состојба без можност за подобрување, а доколку се случи тоа ќе биде медицински феномен.

Но, ситуацијата почна да се менува на подобро. Прво ги отвори и затвори очите, а потоа ги мрдаше нозете. Според докторот, станувало збор за рефлексни движења.

Подготвено од М.Д.

About Author