20.06.2024 Скопје
Голем број африкански лидери, донатори и претставници на фармацевтски групи денеска се собираат во Париз на самит посветен на производството на повеќе вакцини за Африка, која сега е погодена од епидемија на колера.
Светскиот форум е коорганизиран од Франција, Африканската унија и Алијансата за вакцини. На настанот се очекува да бидат објавени над милијарда долари финансирање за производство на вакцини во Африка.
Континентот сега произведува само 2 отсто од вакцините што ги користи. Акцент ќе биде ставен на финансирањето на вакцините против колера.
На форумот во Париз ќе дојдат лидерите на Сенегал, Гана, Руанда и Боцвана, директорот на Светската здравствена организација, претставници на банки, производители на вакцини.
Подготвено од М.Д.