07.06.2024 Скопје
Апелациски суд во Џорџија нареди запирање на процесот против поранешниот претседател на САД Доналд Трамп во кој тој и уште осуминна други се обвинети за вмешаност во изборите.
Судската одлука, значи дека процесот против Трамп, во кој тој се обвинува дека ковал криминален заговор да влијае врз резултатот од изборите во Џорџија во 2020 година, најверојатно нема да продолжи пред изборите во ноември, па и пред новогодишните празници. Најавата доаѓа во време кога уште два судски процеса против Трамп заглавија процедурално. Станува збор за случаите иницирани од специјалниот обвинител Џек Смит. Еден е за тоа што Трамп се обиде да го игнорира својот пораз на изборите во 2020 година, другиот за неправилно ракување со доверливи документи во Флорида.
Пресудата донесена од порота во Њујорк минатата недела, а во врска со друг случај – поткуп на актерка во филмои за возрасни пред изборите во 2016 година, е единствена судска одлука пред претседателските избори годинава, со закажаната завршница во јули кога Трамп може да биде осуден на казна условен или реален затвор за сторено кривично дело.
Подготвено од М.Д.