https://www.facebook.com/photo.php?fbid=321729393329439&set=pb.100064771413898.-2207520000..&type=3

06.06.2024 Скопје

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и претседателот на Финска Александар Стуб им соопштија денес на сојузниците од Алијансата дека Русија во моментов не претставува воена закана за западниот воен пакт.

Сепак, за време на заедничката прес-конференција во Хелсинки, тие двајца предупредија дека НАТО државите мора да ја зајакнат Украина и своите воени сили за да одвратат евентуална идна агресија на Москва.

Столтенберг кажа дека на Украина ѝ треба „предвидливост и одговорност“ во воената поддршка на НАТО во обидот да се одбрани од, како што кажа, летната руска офанзива, додека Западот се обидува да дојде до консензус за мировниот план на претседателот на Украина Володимир Зеленски.

„Во последните месеци забележавме некои пропусти, некои доцнења во пружањето воена поддршка за Украина“, кажа шефот на НАТО.

Столтенберг додаде и дека западните сојузници треба да обезбедат одложувањето во воената поддршка на Украина да не се повторат.

Тој додаде дека во последните месеци имало одложувања и доцнења во пружањето на воената поддршка на Украина и дека тоа повеќе не смее да се повтори.

Подотвено од М.Д.

About Author