SRBIJA TURIZAM

07.06.2024 Скопје

Во првиот квартал од годинава Србија е прва дестинација во светот по стапка на раст на приходите од странски туристи, што е за 127 отсто поголем во однос на истиот период во 2019 година, соопшти денеска Министерството за туризам и млади.

Во најновиот барометар на Светската туристичка организација (UN Tourism) се наведува дека неколку дестинации ширум светот годинава постигнале одлични резултати во туризмот, меѓу кои Србија е на прво место и единствена која достигнала трицифрена стапка на раст на приходите од странски туристи.

Девизниот прилив од туризмот во првиот квартал годинава изнесува 575 милиони евра, што е за 127 отсто повеќе во однос на периодот јануари – март 2019 година, кога приходите од странски гости изнесувале 252 милиони евра.

Во првите четири месеци од годинава продолжи растот на туристичкиот сообраќај во Србија, при што странските гости остварија пораст на пристигнувања за 10 отсто, а на ноќевањата за пет отсто, што заедно со проекциите за пополнетоста на сместувачките капацитети во останатите на годината укажува дека 2024 година ќе биде рекордна за туризмот во Србија, се наведува во соопштението.

Подготвено од М.Д.

About Author