11.06.2024 Скопје
Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуција која го поддржува договорот за прекин на огнот подготвен од Соединетите Американски Држави, со цел прекин на осуммесечната војна на Израел против Хамас.
За резолуцијата има 14 гласа, Русија беше воздржана и никој не гласаше против резолуцијата.
Планот за прекин на огнот на американскиот претседател Џо Бајден би се случил во три фази.
Прва фаза од договорот би бил шестнеделен прекин на огнот, втора враќање на преостанатите заложници од Газа, и трета, конечна, план за реконструкција на Газа.
„Израел веќе се согласи на овој договор и борбите би можеле да престанат денес ако Хамас го направи истото“, кажа американската амбасадорка Линда Томас Гринфилд.
Палестинското движење Хамас ја поздрави резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за траен прекин на огнот во Појасот Газа, се наведува во соопштението на таа организација.
„Хамас го поздравува она што е вклучено во резолуцијата на Советот за безбедност за траен прекин на огнот во Појасот Газа: целосно повлекување на трупите од Газа, размена на заробеници, реконструкција, враќање на раселените лица во нивните места на престој, одбива какви било демографски промени или намалување на територијата на Газа, како и пружање на неопходната помош на нашите луѓе во овој сектор“, се наведува во соопштението на Хамас.
Подготвено од М.Д.