vladata-kaj-siljanovska-vila-vodno-1024x683

25.06.2024 Скопје

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги прими премиерот Христијан Мицкоски и членовите на новоизбраната Влада, при што упати честитки за нивниот избор, посакувајќи им успешна работа во исполнувањето на стратешките цели на државата, економски напредок и подобрување на животниот стандард на граѓаните, информираат од кабинетот на претседателката.

„Претседателката изрази очекување од новиот владин состав совесно, чесно и одговорно да ја реализира поставената програма за работа, во согласност со македонските национални интереси и интересите на граѓаните“, се вели во соопштението.

Недостасува само министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски кој се наоѓа во Луксембург на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската Унија и земјите од Западен Балкан.

Инаку, денеска е првиот работен ден на Владата чиј состав беше избран синоќа пред полноќ во Собранието на Република Северна Македонија.

Подготвено од М.Д.

About Author