siljanovska-vo-kabinet-

11.06.2024 Скопје

Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денес и утре во Германија ќе учествуа на конференција за обнова на Украина чии домаќини се канцеларот Олаф Шолц и шефот на украинската држава Володомир Зеленски.

На конференцијата предвидено е учество на шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации, на бизнис и граѓанскиот сектор.

Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова да има свое обраќање на настанот.

„Конференцијата е продолжение на серијата годишни настани на високо ниво посветени на брзо закрепнување и долготрајна реконструкција на Украина, по почетокот на руската воена агресија. Клучна цел на настанот е да се обезбеди континуирана меѓународна поддршка за обнова, реконструкција, реформи и модернизација на Украина“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателката на Република Северна Македонија.

Подготвено од М.Д.

About Author