03.06.2024 Скопје
Северна Кореја испратила преку границата во Јужна Кореја уште околу 600 балони полни со ѓубре, од отпушоци од цигари до пластика, а тие биле собрани веднаш при допирот со тлото, јави денес јужнокорејската војска.
Од почетокот на кампањата во вторникот од Северна Кореја се испратени околу 900 балони, според податоците на здружениот генералштаб на јужнокорејската восјка, кој на почетокот соопшти дека се испратени околу 260 балони полни со ѓубре, како употребени батерии, отпушоци од цигари и животински измет.
Балоните слетале во провинциите на северот на Јужна Кореја, вклучувајќи го главниот град Сеул и Соседната област Ѓеноги, во кои живее речиси половина од населението на таа земја.
Сеул ја осуди таа акција и јужнокорејското министерство за обединување предупреди на контрамерки ако Пјонгјанг не престане со, како што наведоа, „нерационалните мерки“.
Јужнокорејскиот генералштаб ја повика јавноста да избегнува секаков контакт со тие балони.
Пјонгјанг објави дека целта на балоните кои ги нарече „искрени подароци“ е да одговори на балоните со пропагандни летоци против севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун кои ги испраќа Јужна Кореја.
Подготвено од М.Д.