BAKTERIJA

17.06.2024 Скопје

Смртоносната бактерија што јаде месо се шири со рекордно темпо во Јапонија, а епицентарот е главниот град Токио.

Јапонија годинава пријавила 977 случаи на стрептококен токсичен шок синдром (STSS), што веќе го надмина рекордот од 941 инфекција од минатата година.

Состојбата е предизвикана од невообичаена манифестација на бактеријата стрептокока А.

Помеѓу пет и дваесет проценти од здравите возрасни лица се латентно заразени со неа, а бактеријата не манифестира никакви симптоми. Сепак, може да се развие во голем број на болести, од тонзилитис, импетиго, па дури и пневмонија.

Во некои случаи, може да стане инвазивна. Потоа од исекотини и рани продира длабоко во ткивата и мускулите на месото и предизвикува некротизирачки фасцитис, поради што се нарекува „болест што јаде месо“.

Првичните симптоми се треска и болки во мускулите, проследени со низок крвен притисок. Неуспехот на органи и септичен шок може да се случи во рок од 48 часа, а доколку не се лекува навреме со антибиотици, состојбата може да биде фатална.

Токио забележа 145 случаи во првата половина од годината. Најголем дел од заболените се на возраст над 30 години, а стапката на смртност е околу 30 отсто.

Светската здравствена организација издаде предупредувања уште во декември 2022 година по скокот на инфекциите со стрептокока А во Британија, Франција, Ирска, Холандија и Шведска. Тогаш најмногу се работеше за деца.

Подготвено од М.Д.

About Author