streliste-bunec-2-696x518

13.06.2024 Скопје

На самата граница на Националниот парк, кај детското одморалиште Бунец, со дозвола на Општина Маврово Ростуше и на Министерството за заштита на животната средина, но не и на Националниот парк се гради стрелиште. Механизацијата е таму, а мештаните и за оваа градба немаат никаква информација.

Пред околу еден месец во близина на детското одморалиште Бунец почна да се гради хала за стрелиште. Жителите на Леуново, Месната заедница на селото немаат никаква информација за оваа нова градба. Од Општина Маврово Ростуше упорно молчат на нашите прашања за сите градби околу Мавровското Езеро. Така е и за стрелиштето.

Но, затоа пак од Националниот парк ни рекоа дека неколку пати по ред го одбиле барањето за давање согласност за изградба на стрелиште. Главната причина за ова, како што велат од НП, е близината на стрелиштето до нивното хранилиште за дивеч. Пукањата од стрелиштето со сигурност ќе го вознемири дивечот, елените, срните, што ќе предизвика промена на нивната вообичаена патека на движењето, ни одговорија одговорните лица на Националниот парк Маврово.

Тие биле изненадени кога инвеститорите, кои инаку се по потекло токму од Леуново и Врбен, им ја покажале согласноста од Министерството за заштита на животна средина.

Сепак, без согласност од НП таков објект не смее да се гради.

Освен тоа, многу имот на мештаните од Леуново, Орќуше и Дуф на времето им бил одземен од државата за да се направи детското одморалиште. На дел од тој имот сега се гради стрелиштето.

Од здружението Спас за Маврово најавуваат и овој предмет ќе дел од нивниот интерес.

Подготвено од М.Д.

About Author