-najtivkata-soba-na-svetot-

11.06.2024 Скопје

Овој вид на соба звучи како „блаженство“ за поединци – оние кои сакаат мир и тишина, но кога ќе слушнете какви ефекти предизвикува, можеби ќе се премислите.

Таканаречените анехоични комори постојат на повеќе локации низ светот, како онаа во лабораторијата Орфилд во Минесота, која влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Слична просторија постои и на Универзитетот Саут Банк (Лондон), а на посетителите им се препорачува да не поминуваат повеќе од 45 минути во неа.

Причината? Научниците не сакаат луѓето да го изгубат умот.

„Ги предизвикуваме посетителите да поминуваат време во комората, во темнината. Но, ве предупредуваме. Колку е потивка собата, толку повеќе работи ќе слушате. Како функционираат твоето срце, понекогаш и белите дробови“, изјави дизајнерот Стивен Орфилд.

Пред осум години, репортер постави рекорд во „најтивката соба“, каде што поминал 67 минути, а оттогаш многу предизвикувачи сакаат да ги тестираат своите граници.

Меѓу нив е и јутјуберот Калукс кој го опиша својот престој во комората и правилата што мораше да ги следи:

1. Предизвикувачот мора да биде сам во собата.

2. Не е дозволено спиење.

3. Предизвикувачот мора постојано да биде под надзор.

4. Звукот мора да остане под 25 децибели.

5. На предизвикувачот му е дозволено да зборува до една минута (на секои пет минути).

6. На предизвикувачот му е дозволено да ја напушти просторијата во секое време.

По обиколката на лабораторијата, момчето останало само во комората, а не поминало долго и работите станале чудни.

По пет минути почнал да се чувствува дезориентиран, бидејќи имал силно зуење во ушите.

Поминале уште 10 минути, а Јутјуберот пријавил дека видел светла како „танцуваат“ во собата. По 30 минути го слушнал звукот на сопствениот крвоток.

Кога поминал 60 минути, младиот човек за малку ќе се откажал, бидејќи пријавил дека има халуцинации. Сепак, издржал и поставил нов рекорд – 86 минути.

На прашањето како ќе го опише престојот во комората, тој накратко рече: „Беше чудно“.

Подготвено од М.Д.

About Author