05.06.2024 Скопје
Американското Министерство за транспорт презеде строги мерки против три големи авиокомпании, Луфтханза, Sout African Airwaus и KLM,што ќе ги чини вкупно повеќе од 900 милиони долари.
Причината за ваквата одлука на ДОТ е доцнењето на овие компании со плаќањето на повратот на патниците чии летови биле откажани или значително променети за време на пандемијата на Ковид.
Со овие мерки, Луфтханза ќе треба да плати 775 милиони долари за поврат на патниците и 1,1 милион долари казни, се наведува на веб-страницата ДОТ, додавајќи дека холандската кралска авиокомпанија KLM ќе мора да издвои 113,3 милиони долари и 1,1 милиони долари казни за истите цели.
South African Airways – од перспектива на Lufthansa и KLM – помина добро: тие ќе треба да издвојат 15,2 милиони долари за враќање на средствата и речиси 300.000 долари за казни. Според новите одлуки на ДОТ, кои допрва треба да се донесат, компаниите во иднина ќе треба да обезбедат навремена рефундација, а до Министерството за финансии – да плати казна за нивните пропусти, откажувања и доцнења.
„Кога летот е откажан или значително променет, патниците не треба да се борат со авиокомпаниите за да си ги вратат парите“, рече американскиот секретар за транспорт Пит Бутиџиг и нагласи дека „правата на патниците се приоритет на администрацијата“ на актуелниот американски претседател.
За време на администрацијата на Бајден-Харис, досега на патниците им се вратени речиси четири милијарди долари, од кои повеќе од 600 милиони долари се должат на казните наметнати на Southwest Airlines, што предизвика хаос за стотици илјади патници за време на празничната сезона во 2022 година, кога падна целиот систем на компанијата.
ДОТ, исто така, издаде казни повеќе од 166 милиони американски долари на авиокомпании за прекршување на потрошувачите, што е значително зголемување од периодот помеѓу 1996 и 2020 година кога беа изречени помалку од 71 милион долари за казни.
Подготвено од М.Д.