19.06.2024 Скопје

Странските државјани во Русија, кои немаат причина да останат во земјата, ќе бидат предмет на депортација откако ќе бидат регистрирани во посебен регистар на контролирани лица.

После тоа, тие нема да можат да го сменат местото на живеење или да престојуваат во Русија без полициска дозвола, нема да можат да патуваат надвор од регионот на живеење, да возат возила, да стекнуваат имот и да регистрираат брак.

Пристап до регистарот ќе имаат државните органи, како и сите правни и физички лица. Врз основа на предложениот закон, полицијата ќе има право да влегува во простории каде што се наоѓа илегален мигрант, а ќе има и право да употреби сила.

За контрола на странците, предлог-законот предлага воведување на неколку нови мерки, како што се утврдување на локацијата на странски државјанин, проверка на сите документи, вклучително и оние кои содржат даночни или доверливи информации за состојбата на банкарските сметки. Дополнително, се предлага периодот на престој на странски државјани во Русија да се намали на 90 дена годишно.

Според нацрт-законот, за да го задржи правото на влез во Русија, странски државјанин ќе мора да ги почитува традиционалните вредности и да не се меша во политиката на руската влада.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *