27.06.2024 Скопје

Романија не ги исполнува условите за воведување на еврото. Ова е заклучокот на Европската комисија по денеска презентираниот двегодишниот Извештај за конвергенција на Европската централна банка (ЕЦБ).

Документот ја испитува подготвеноста на уште пет земји кои не се членки на еврозоната, но имаат законска обврска да се приклучат според Договорот за функционирање на ЕУ – Бугарија, Чешка, Унгарија, Полска и Шведска.

Во извештајот се наведува дека Романија не исполнува четири критериуми – за стабилност на цените, за јавните финансии, за девизниот курс и за конвергенција на долгорочните каматни стапки.

Извештајот заклучува дека земјите-членки што ги таргетира покажуваат мешани резултати во однос на номиналната конвергенција и дека ниту една од овие земји моментално не ги исполнува сите критериуми за приклучување кон еврозоната. Бугарија е единствената која ги исполнува сите критериуми освен еден и чие национално законодавство може да се смета за компатибилно со нормите на Економската и монетарната унија.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *