07.06.2024 Скопје
Република Српска ќе одржи референдум за независност од Босна и Херцеговина, а датумот ќе биде одреден во согласност со интересите на другите партии, изјави претседателот Милорад Додик.
„Има одлука за отцепување, но сè уште не е одреден конкретен датум. Треба да се направат многу анализи. Ние би сакале веќе сега, но освен нас, во процес се уште две партии. За ова, се разбира, е потребно време“, рече Додик на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
Според него, останувањето во Босна и Херцеговина за Република Српска е „синоним за губење време и можности“.
Додик изјави дека властите на Република Српска во рок од 30 дена ќе подготват резолуција за мирно отцепување на тој ентитет од БИХ.
Подготвеноод М.Д.