zname-makedonija-

13.06.2024 Скопје

Ракометната федерација на Република Северна Македонија (РФРСМ) ќе биде организатор на Светското јуниорско првенство во женска конкуренција од 19 до 30 јуни, а на турнирот ќе настапат 32 репрезентации.

На ждрепката која се одржа во Германија на 13 април, ракометарките беа поделени во осум групи со по четири репрезентации кои ќе играат меѓусебе во прелиминарната рунда.

Откако ќе се комплетираат трите кола, најдобрите две селекции од секоја група ќе продолжат во главната фаза, додека другите две ќе играат во Президент купот.

Натпреварите ќе се играат во три сали во Скопје. Македонската ракометна репрезентација ќе игра во „Борис Трајковски“, каде што ќе се играат и дуелите од финалниот ден, додека средби ќе има и во двете сали во спортскиот центар „Јане Сандански“.

Македонските ракометарки се во група заедно со САД, Исланд и Ангола.

Подготвено од М.Д.

About Author