ROBERT FICO

07.06.2024 Скопје

Словачкиот премиер, Роберт Фицо, се огласи за прв пат откако беше тешко ранет во обидот за атентат пред три недели, изјавувајќи дека не го мрази напаѓачот, дека му простува и дека не планира кривично да го гони.

Toj оцени дека атентаторот е „гласник на злото и политичката омраза“ и предупреди дека „во ЕУ се чини престана да постои правото на поинакво мислење“… Во пресрет на изборите за Европскиот парламент, што се одржуваат неделава, Фицо и се обрати на јавноста со снимен говор објавен на Интернет… Фицо рече дека бил нападнат поради неговиот проруски однос кон војната на Русија против Украина и другите кои драстично се разликуваат од гледна точка на „европскиот мејнстрим“.

Словачкиот премиер кажа дека има сериозни здравствени последици од нападот и дека нема да се врати на работа во следните неколку недели… На 15 мај, во градот Хандлова, североисточно од Братислава, Фицо беше ранет во стомакот со четири куршуми додека ги поздравуваше поддржувачите… Напаѓачот веднаш бeше уапсен.

Подготвено од М.Д.

About Author