demoni od projkovski

24.06.2024 Скопје

Претставата „Демони“ од Фјодор Достоевки, во режија на Дејан Пројковски беше прогласена за најдобра претстава на сезоната откако беше претставена во Националниот театар во Дебрецин, Унгарија.

„Демони“ на Пројковски беше поставена на крајот на април во Националниот театар во Дебрецен, Унгарија и наиде на позитивни критики кај стручната јавност но и кај публиката. Покрај режијата на Пројковски, сценографијата е на Валентин Светозарев, драматизацијата на Сашо Димоски а музиката на Горан Трајкоски.

Исто така, во март годинава Пројковски ја доби Меѓународната награда за режија на 9 Интернационален театарски фестивал кој се одржува во Истанбул, Турција. Наградата ја доделува најголемото и најпрестижно списание за театарска уметност „Тијатро“ во Турција.

Дејан Пројковски е еден од најзначајните и најнаградувани режисери на денешницата. Неговата претстава „Ана Карењина“ освои над 40 награди и е прогласена за најнаградувана во историјата на Новосадскиот театар. Заедно со „Ричард Трети“, беше дел од 10-тото издание на светската Театарска олимпијада во Унгарија. „Ричард Трети“ освои две награди на 35. издание на Фестивалот на унгарски театри, вклучувајќи Гран при за најдобра претстава и награда за најдобра машка улога. Пројковски исто така ја доби наградата за најдобра режија за „Ричард Трети“ според Belgrade Edt Culture, додека „Дон Жуан“ и „Ромео и Јулија“ беа прогласени за најдобри претстави во Хрватска и Турција, соодветно.

Во ноември минатата година, Пројковски го постави „Скупљачи перја“ во Српско Народно Позориште во Нови Сад, со музика на Оливер Јосифовски. Последната премиера во Македонија му беше „Падот на Масада“ во Драмски театар, додека во Велешкиот театар се играат неговите претстави „Нема струја за електричниот стол“ и „Инферно“.

Подготвено од М.Д.

About Author