20.06.2024 Скопје
Во Собранието денеска ќе се одржи 11. Пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.
Како што информираат од собраниската прес-служба, воведен говор ќе има претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Од страна на претставник на Владата на Република Северна Македонија ќе биде презентирана претседавањето со ПСЈИЕ.
На овој настан ќе се одржи дискусија на тема „Зајакнување на регионалната соработка преку промовирање на економскиот развој – Стратегија 2030 на ЈИЕ“
На крајот на сесијата следи завршна изјава и усвојување на финалната декларација.
Подготвено од М.Д.