bezdomnici

04.06.2024 Скопје

Активистите од организацијата „Другата страна на паричката“  изјавија дека е засилена операцијата за преселување на бездомниците од Париз и поширокиот регион Ил де Франс.

Активистите наведуваат дека меѓу бездомниците кои се преселиле има и баратели на азил, како и семејства и деца кои и онака се во тешка ситуација.

Организацијата истакна дека и проститутки и наркомани биле префрлени од Париз и Ил де Франс.

Се наведува дека од април минатата година 12.545 луѓе се преместени од Париз и околината поради Олимпијадата, а луѓето со автобуси се превезуваат во привремените регионални центри формирани минатата година.

Организацијата забележува дека се потребни најмалку 20.000 домови ширум Франција, вклучително и 7.000 во регионот Ил-де-Франс, за да се обезбеди долгорочно решение за бездомниците.

Подготвено од М.Д.

About Author