13.06.2024 Скопје
Во август 1983 година, кога имал само 18 години, бил осуден за силување и убиство на тогаш 19-годишната Барбара Грамс во Флорида, а беше ослободен во септември 2020 година, откако ДНК анализата покажа дека тој не го извршил злосторството.
Откако помина речиси четири децении невин во затвор, тој ја тужеше државата и неодамна му беше досудена отштета од 14 милиони долари.
„Се чувствувам тажно заради семејството на жртвата кое толку долго чекаше да ја дознае вистинската вистина“, изјави Дубоас по неговото ослободување.
“Поминав 37 години во затвор за злосторство што не го направив. Еве што се случува кога полицијата се фокусира на погрешна личност, фабрикува докази за да одговара на нивната теорија и не истражува за да ја открие вистината. Така ги уништуваат животите на луѓето“.
ДНК примероците, исто така, ги навеле инспекторите да го поврзат убиството на девојчето со двајца осудени престапници, Амос Робинсон и Аброн Скот, кои веќе отслужуваат доживотна казна затвор во затвор во Флорида за убиства што ги извршиле во округот Пинелас истата година.
Градоначалничката на Тампа Џејн Кастор рече: „Полицискиот оддел во Тампа денес е светлосни години понапред од местото каде што бевме пред четири децении во технологијата и обуката. Се надеваме дека оваа компензација ќе му помогне на господин Дубоаз брзо да закрепне“.
Проектот, кој исто така му помогна на Дубоас, се занимава со утврдување на точните околности на злосторствата и помагање на погрешно осудените.
Во времето на судењето на Дубоа, немало физички докази што го поврзуваат со нападот, според проектот „Невиност“.
Информаторот на затворот кој разговарал со Дубоас подоцна сведочел лажно и рекол дека Дубоас го признал делото кога првпат бил приведен, соопштила организацијата.
Роберт Дубоа потекнува од сиромашно семејство и имал еден брат и четири сестри. Едната починала кога имала само две години, татко му останал инвалид, а нивната куќа изгорела во голем пожар. Една од постарите сестри подоцна побегнала од нив на 15-годишна возраст, обвинувајќи го нејзиниот вујко за сексуална злоупотреба, а нејзината баба за малтретирање. Роберт се карактеризира како проблематично дете, иако никогаш не направил никакво кривично дело.
Поради недостиг на технолошки процедури во откривањето на злосторствата и инспектори кои секогаш се сомневале во исти луѓе во проблематичните американски населби, 18-годишниот Роберт многу лесно бил обвинет за кривично дело.
Главниот доказ што го имале инспекторите во тоа време била трага од каснување врз жртвата. Отпечатокот од забите на Роберт некако се совпаѓал со белегот на телото на убиената девојка, но овој вид површни докази подоцна целосно престанале да се користат во кривичната постапка.
Дубоас сега се обидува да продолжи со својот живот и да изгради подобра иднина за годините што доаѓаат, моментално работи како директор за одржување во кантри клуб во Тампа. Тој е многу популарен во американските медиуми, кои брзо се заинтересираа за неговата тешка животна приказна.
Членот на Судскиот совет Чарли Миранда го коментираше случајот Роберт Дубоас и рече: „Како би се чувствувале кога би биле во затвор 14.600 дена и секој проклет ден би знаеле дека сте невини?“.
Подготвено од М.Д.