avenija buenos aires

11.06.2024 Скопје

Се наоѓа во Буенос Аирес, а именувана е по Денот на независноста на Аргентина, основана на 9 јули 1816 година.

Импресивната авенија е широка 140 метри, има 16 главни ленти, четири дополнителни ленти (наменети за јавен превоз), централна пешачка зона и најмалку седум острови.

Авенијата 9-ти јули првпат била планирана во 1888 година, под друго име, но работата започнала дури во 1935 година поради поплаки од сопствениците на земјиштето.

Првата делница била отворена на 12 октомври 1937 година, а главниот дел бил изграден во 1960-тите. Таканаречените јужни врски биле завршени во 1980 година.

Вреди да се спомене дека создавањето простор за огромен проект во центарот на метрополата бил посебен предизвик, што резултирал со уривање на 60.000 квадратни метри недвижен имот и раселување на илјадници жители.

Авенијата се протега на приближно три километри – од квартот Ретрио на север до железничката станица Конституција на југ.

Низ неговиот центар поминува разгранетата мрежа на јавниот превозник „Метробус“, чии услуги секојдневно ги користат четврт милион луѓе. На раскрсницата со улицата Корентес се издига гордоста на градот – Обелиск од Буенос Аирес.

Турист неодамна одлучи да провери колку време им е потребно на пешаците да ја поминат авенијата 9-ти Јули. Тој објасни дека ќе оди побрзо од вообичаено.

Целата авантура траела четири минути и 17 секунди, а времето вклучувало и чекање на семафори.

Подготвено од М.Д.

About Author