13.06.2024 Скопје
Ваквата информација ја потврдија и мелничарите кои велат дека станува збор за импликација на зголемените цени на пченицата на светските берзи и регионалните пазари во мај за исто толку проценти.
Според претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора Горан Малишиќ, во наредниот период, со почетокот на жетвата, се очекува цената да се стабилизира и да се намали, односно да се врати на истото ниво како што беше и досега.
Тој напомена дека сè уште не се знае каков ќе биде квалитетот и квантитетот на пченицата и останува тогаш да се направат потребните анализи.
Минатиот месец некои од пекарите тврдеа дека лебот нема да поскапи следните два месеца, како и дека неговата цена е стабилна.
Подготвено од М.Д.