IVA DAMJANOVSKA ROTERDAM

11.06.2024 Скопје

Македонската поетеса Ива Дамјановски беше претставена на 54. издание на поетскиот фестивал Poetry International, што се одржа од 6 до 9 јуни во Ротердам, Холандија, соопшти денеска Националната установа Струшки вечери на поезијата.

Дамјановски, според соопштението, настапила во главната програма, на поетското читање што се одржало во мултимедијалниот центар Зудплејн, каде секој автор пред неговиот настап бил преставен со специјално создадено мултимедијално видео.

„ Ива Дамјановски беше дел од интерактивната и мошне интересно осмислена „просторна“ поетска дебата, каде што поетите учесници ги изразуваа своите ставови и преку просторно позиционирање на сцената“, соопшти СВП.

Главното претставување на Дамјановска, било на 8 јуни во мултимедијалниот центар Лантаренвенстер, кога во времетраење од околу половина час имала можност да прочита избор од нејзината поезија, а потоа да ги каже и своите поетички ставови во разговор со модератор.

„ Нејзиниот настап наиде на исклучително добар прием кај публиката која ја исполни салата до последното место. Инспирирани од поезијата на Ива Дамјановски, студентите од академијата Вилијам де Кенинг, дизајнираа специјален плакат во склоп на серијата плакати инспирани од поезијата на учесниците во главната програма на Фестивалот. Учеството на Дамјановски беше овозможено од платформата Версополис, која почнувајќи од 2014 година ја зголемува мобилноста и афирмацијата на младите поети во подем“, стои во соопштението на СВП.

Подготвено од М.Д.

About Author