03.06.2024 Скопје
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп предупреди дека, ако биде осуден на затворска казна по историската пресуда, тоа би можело да претставува „точка на кршење“ за неговите поддржувачи.
Трамп во интервју емитувано кажа дека тој лично ја прифаќа идејата да биде во затвор поради 34 точки од обвинението за кои е прогласен за виновен поради тајните исплати на порно глумицата.
„Мислам дека тоа на јавноста би ѝ било тешко да го прифати. Знаеме дека во одреден момент постои точка кршење“, кажа поранешниот претседател на САД.
Тој истакна дека судењето „многу тешко“ ѝ паднало на нејзината сопруга Меланија која беше забележливо отсутна на судењето на кое присуствуваат останати членови на потесното семејство.
Поротата во четвртокот го осуди Трамп за сите 34 кривични дела за фалсификување деловни документи во последните фази на претседателската кампања во 2016, за да се прикрие скандалот во кој била вмешана порно глумицата Сторми Дениелс.
Тоа во историјата на САД е прва кривична пресуда за поранешен претседател, со што Трамп оди на претседателските избори на 5 ноември како престапник.
Подготвено од М.Д.